Голем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во Кочани, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Густ црн чад се издигаше високо над градот и беше видлив и од околните населени места.
Во гаснењето на пожарот биле ангажирани десетина противпожарни возила од територијалните противпожарни единици од Кочани и Виница, како и од Доброволното противпожарно друштво од Кочани. Во интервенцијата учествувале околу 30 пожарникари.
Според првичните информации, во пожарот изгореле автобуси, гаражи и канцелариски простории, при што е предизвикана голема материјална штета.
Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуално повредени лица.
