back to top
10.8 C
Skopje
понеделник, 2 ноември , 2026

Домашен напиток за смирување на кашлица: Го смирува болното грло, а потребни ви се само 2 состојки

Други наслови

Одредени намирници можат значително да ја ублажат кашлицата. Благодарение на антиоксидансите со антиинфламаторно дејство, како и богатството од витамини Ц, Б6, калиум и влакна, бананата успешно го смирува иритираното грло и ги ублажува симптомите на настинка.

Според традиционалната индиска медицина, сирупот направен од банани и мед е исклучително ефикасен лек кој лекува болно грло, смирува силна кашлица и помага при бронхитис. За да го подготвите, потребни ви се само два зрели плода, две лажици мед и зовриена вода.

Природен сируп за кашлица

Состојки:

🔷400 мл зовриена вода

🔷2 средно зрели банани (да имаат кора со црни точки)

🔷2 лажици мед (од липа или багрем)

Жената кашла.

Подготовка:

Излупете ги бананите , згмечете ги со дрвена вилушка или лажица и измешајте ги со зовриена вода. Оставете да отстои 30 минути. Процедете ја смесата откако ќе се олади, ако сакате бистар сируп. Додадете мед и мешајте додека не се растопи. Ако сакате погуст сируп, додадете повеќе мед. Пијте 100 мл од сирупот неколку пати на ден. Ќе почувствувате олеснување во рок од пет дена.

Забелешка: Консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да го користите овој сируп.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести