back to top
11.8 C
Skopje
среда, 4 ноември , 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Фабриката на предизвикување страв и паника на СДС, под водство на Филипче нема да успее како што не успеа ниту за мигрантите, ниту за водата, ниту за пензиите

Други наслови

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, СДСМ и Венко Филипче никако не ја напуштат матрицата, како што велат, било која тема и состојба во државата да ја користат за кревање хистерија да предизвикаат страв и паника кај граѓаните.

„Така беше со темата мигранти во Македонија, со водата во Гостивар, следно ширеа паника дека водата за пиење во Скопје е небезбедна, потоа дека ПИОМ бил загрозен, а пензионерите нема да можат пензиите да си ги земат и што ли уште не.

Сега најново се фатија и за состојбата со банкарскиот систем, како нов обид за да стигнат до медиумски простор и да спечалат некој беден политички поен, зошто со план, програма и понуда до граѓаните, очигледно не можат“.

Од партијата на власт потенцираат дека ниту банкарскиот систем во државата е доведен во прашање, ниту има незадоволство, ниту немир или паника.

„Единствено СДС и Венко Филипче сакаат вештачки да предизвикаат немир и паника кај граѓаните и нивна недоверба во банкарскиот сектор и државните институции.

Нафрлените тези на Венко Филипче во завиена прашална форма не го спасуваат од одговорноста за обидот да креира страв, паника и несигурност кај граѓаните дека им се загрозени парите“.

Државата, вклучително и Народна банка, уверуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ги преземаат сите мерки за заштита на интересите на државата, граѓаните, штедачите, инвеститорите.

„Фабриката за креирање страв и паника на СДС, под водството со Филипче нема да успее, како што не им успеа ни со мигрантите, ни со водата, ниту пак со пензиите“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести