back to top
10.8 C
Skopje
среда, 4 ноември , 2026

МВР со детали: 21 годишното момче што беше пронајдено мртво во Богданци било пријавувано за насилство врз девојка му

Други наслови

Дваесет и едно годишниот В.Г. кој беше пронајден мртов покрај запален автомобил кај Богданци бил пријавен во полиција за насилство информираа од МВР. Во полиција го пријавил таткото на неговата 17-годишна девојка.

Претходно, на 01 октомври во 01:30 часот од страна на Џ.К.(46) во Гевгелија е пријавено дека на 30.09.2026 околу 21:00 часот по претходна вербална расправија помеѓу неговата 17-годишна ќерка и В.Г.(21) кои биле во љубовна врска, во семејната куќа на В.Г. во Богданци, физички ја нападнал неговата малолетна ќерка и ѝ упатувал закани по живот, доколку си замине од куќата.

В.Г. ѝ го оштетил мобилниот телефон со цел да не може да повика полиција. Во даден момент, малолетничката успеала преку прозорецот да избега од куќата, при што ѝ била пружена помош од случајни минувачи кои повикале полиција и истата била пренесена во Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија.

За настанот бил известен Јавен обвинител и составен бил Записник за примање на пријава за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Од страна на полициски службеници на 01 октомври, В.Г.(21) бил уапсен и извршен бил службен разговор. На 14 октомври, против него била поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Телото на В.Г. беше пронајдено вчера во Богданци покрај запален автомобил. Во автомобилот е пронајдено уште едно тело, засега неидентификувано. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести