back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 5 ноември , 2026

Џејми Фокс доби трето дете на 59 години

Други наслови

Џејми Фокс го доби своето трето дете, а првото со девојката Алис Хакстеп, потврди извор за списанието „Пипл“.

Џејми Фокс и Алис Хакстеп за прв пат беа романтично поврзани во 2023 година. Двојката имаше турбулентна љубовна врска, а
минатата година дури и раскинаа . Сепак, се чини дека брзо сфатија дека не можат да живеат еден без друг и се смирија истата година .

Судејќи според најновите информации, тие не погрешиле што повторно ја започнале својата романса, бидејќи сега го пречекале
своето прво заедничко дете и круната на нивната љубов. Извор ја потврдил веста за списанието „People“, а името и полот на бебето сè уште не се откриени.

Да потсетиме, Џејми веќе има две ќерки од претходни врски  – 18-годишната Анелиз и 32-годишната Корин.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести