back to top
13.8 C
Skopje
петок, 6 ноември , 2026

Осум полицајци уапсени во врска со смртта на Далибор Драгиевиќ, братот обвинет за убиството на двегодишната Данка Илиќ

Други наслови

Осум припадници на Дирекцијата на српската криминалистичка полиција се уапсени во истрагата за смртта на Далибор Драгиевиќ, брат на еден од обвинетите за убиството на двегодишната Данка Илиќ, неофицијално дознава Нова.рс.

Според овој портал, станува збор за припадници на Одделот за специјални дејствија на Управата за криминалистичка полиција. Се очекуваат нови апсења по наредба на Вишото јавно обвинителство во Ниш. Засега нема официјална потврда за апсењата.

Далибор Драгијевиќ од Злот кај Бор бил уапсен во април 2024 година. Се сомневале дека му помогнал на братот Дејан да го премести телото на девојчето. Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ се обвинети за убиство на Данка Илиќ.

По смртта на Далибор, Министерството за внатрешни работи на Србија објави дека тој починал во службените простории и дека смртта настапила по природен пат. Нова.рс наведува дека обдукцијата во Институтот за судска медицина не го потврдила ова. На телото се пронајдени бројни повреди, вклучувајќи скршени ребра од двете страни на градниот кош и модринки по целото тело. Според порталот, токму овие повреди довеле до смртта.

Судењето на Дејан Драгиевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиството на Данка Илиќ започна кон крајот на октомври. Двајцата негираа вина, а обвинителството бара доживотни затворски казни за нив.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести