back to top
9.8 C
Skopje
понеделник, 9 ноември , 2026

Алијанса за Албанците: Правосудниот испит во целост да се полага на албански јазик

Други наслови

Од Алијансата за Албанците велат дека се разочарани од начинот на кој се третира барањето на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на албански јазик.

„По неколкумесечни ветувања и заложби од страна на ВЛЕН за решавање на овој проблем, решение кое ќе биде во согласност со барањата на студентите, денес премиерот Мицкоски соопшти дека практичниот дел од испитот, во кој се симулираат кривичната и граѓанската постапка, ќе продолжи да се одвива на македонски јазик, додека само теоретскиот дел може да биде на јазикот на студирање. Каде е ВЛЕН во овој случај, кој пред студентите вети целосно решение, дека правосудниот испит ќе се полага на албански јазик, како во теорија, така и во практика?“, прашуваат од АА.

Денес, додаваат од партијата, кога требаше да го исполни ова ветување, ВЛЕН молчи, нуди делумно решение и бара трпение од студентите, оставајќи зад себе едно важно јавно ветување.

„Исто така, голема е и одговорноста на Министерството за правда. Најпрво го одби барањето на студентите, а подоцна дискутираше за различни и нејасни предлози. Ова покажува недостиг на политичка волја и доследност за прашање кое директно ги засега правата на граѓаните. Јазикот на постапката не е техничка пречка, туку прашање на политичка волја. Ако судскиот систем функционира на албански јазик во општините каде што се зборува албански, нема причина практичниот дел од испитот да остане само на македонски јазик“, велат од Алијансата за Албанците и бараат правосудниот испит во целост да се полага на албански јазик, како во теоретскиот, така и во практичниот дел.

„Итна измена на соодветните закони и нивно усогласување со Законот за употреба на јазиците. Конкретни рокови и лична одговорност од министерот за правда и од ВЛЕН. Исто решение и за нотарските и извршителските испити“, велат од партијата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести