back to top
11.8 C
Skopje
четврток, 12 ноември , 2026

По 10.000 денари за 243 семејства, конкретна поддршка за секое новороденче во Центар, извести Герасимовски

Други наслови

Вкупно 243 семејства од Општина Центар оваа година добиле еднократна финансиска помош за новороденче во износ од 10.000 денари. Општината ја зголеми оваа поддршка од 7.000 на 10.000 денари, со цел да им помогне на младите родители за да им да им ги олесни трошоците по раѓањето на детето.

„Доаѓањето на принова е еден од најубавите моменти во семејството, но носи и нови обврски и трошоци. Знаеме дека во тие моменти секоја финансиска помош е добредојдена. Затоа решивме да ја зголемивме еднократната поддршка и тоа ветување го исполнивме. За нас е важно грижата за семејствата да не остане само на зборови и ветувања, туку да се претвори во конкретна поддршка што граѓаните директно ја добиваат“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува да вложува во семејствата, со посебен фокус на најмладите жители и создавањето подобри услови за нивниот раст и развој, велат од Општината.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести