back to top
8.8 C
Skopje
сабота, 14 ноември , 2026

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, температурите до 19 степени

Други наслови

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Минималната температура ќе се движи од 8 до 12 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 13 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре попладне наместа повторно се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Повеќе врнежи се најавуваат во средината на седмицата, кога особено во западните делови од земјава ќе има пообилен дожд.

Во наредниот период ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести