back to top
5.8 C
Skopje
недела, 15 ноември , 2026

Два танкера во пламен кај Ормускиот Теснец: Нов ризик за светскиот транспорт на нафта

Други наслови

Два нафтени танкера налетале на поморски мини и се запалиле во близина на стратешки важниот Ормуски Теснец, соопшти иранската Револуционерна гарда.

Според иранските воени претставници, бродовите се движеле по недозволена маршрута, со исклучени системи за навигациска идентификација. Експлозиите предизвикале пожари на двата танкера.

Ормускиот Теснец е еден од најзначајните поморски премини за транспорт на нафта и природен гас. Секое нарушување на безбедноста во овој регион предизвикува загриженост кај енергетските пазари и меѓународните превозници.

Информациите за околностите на инцидентот засега се темелат на соопштението на иранската страна.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести