back to top
8.8 C
Skopje
недела, 15 ноември , 2026

УЖАС ВО ОХРИД: Ја претепал девојката до бесознание, па ја оставил пред маркет – нови потресни детали и фотографии

Други наслови

Страшен случај на партнерско насилство го потресе Охрид. Девојка била брутално претепана од своето момче, по што, според медиумските информации, била оставена пред маркет, а напаѓачот наводно мислел дека е мртва. Девојката го преживеала нападот, а според најновите информации што нашата редакција ги доби од сведоци на настанокт кои се блиски на девојката, кај неа е констатиран потрес на мозокот и направени се дополнителни медицински испитувања. Тоа го потврдуваат резултатите од направената магнетна резонанца во текот на денешниот ден. Девојката во моментот се наоѓа во Св. Еразмо – специјална болница за ортопедија и трауматологија или познатата Костозглобна болница во Охрид.

Она што дополнително го прави случајот вознемирувачки се информациите за настаните што му претходеле на нападот. Според информациите кои ги добиваме од Охрид, девојката и осомничениот, кои биле во врска околу една година, претходно истата вечер заедно присуствувале на забава во ресторанот „Лихнидос“ во Охрид, каде што настапувала познатата пејачка Џејла Рамовиќ. Нивните блиски наведуваат дека вечерта поминувала вообичаено и ништо не навестувало дека ќе заврши со вакво насилство.

Целата работа почнала да излегува надвор од контрола кога момчето и девојката го напуштиле ресторанот Лихнидос и се упатиле кон неговиот стан. Таму, наводно се случила караница меѓу нив кога девојката му се заканила со прекинување на врската. Во Охрид се шпекулира дека причина за тоа било наводното конзумирање жестоки пијалоци од страна на момчето.

Очевидци на настанот кои сакаат да останат анонимни велат дека девојката била удирана, газена по нозете и влечена по асфалтот, а потоа онесвестена била оставена на улицата 7-ми Ноември кај маркетот на Тинекс. Насилникот, според наводните тврдења на очевидците, со возилото поминал покрај повеќе камери на „сејф сити“, но и камери на приватни објекти кои се наоѓаат во близина на морничавиот настан. Полицијата засега не потврдува дека располага со снимените материјали од камерите кои се наоѓаат во тој реон.

Неофицијално, пријатели и Охриѓани блиски на девојката шпекулираат со наводна направена крвна анализа која во телото на „насилникот“ имала пронајдено елементи на недозволени супстанци. Овие информации за сега не се потврдени со официјално објавени токсиколошки резултати.

МВР го потврди приведувањето.

Министерството за внатрешни работи информираше дека на 15 ноември, во 05:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.К. од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал својата девојка.

По целосното документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Засега полицијата не ги потврди деталите за оставањето на девојката пред маркет, ниту тврдењата за присуство на недозволени супстанции во крвта на осомничениот.

Се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции за околностите на нападот и за здравствената состојба на девојката.

Во Охрид веќе се шпекулира со идентитетот на насилникот. Тој потекнува од познато охридско семејство кое е блиско до владејачката партија. Таткото на момчето е вработен во инспекциските служби, а мајката е висок функционер во државните правосудни органи.

Во текот на попладнето нашата редакција оствари контакти со блиски лица на претепаната девојка од кои добивме фотографии кои ја покажуваат целата грозоморност на овој настан. Во продолжение, ние ви ги презентираме тие фотографии.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести