Специјализираните совети за Косово во Хаг ќе ја изречат пресудата во вторник, 17 ноември, против поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и четворица други обвинети во случајот за опструкција на правдата.
Во своите завршни зборови, специјализираното обвинителство побара Тачи да биде осуден на шест години затвор и времето што го поминал во притвор да не му се смета во казната, објави „Косово онлајн“.
Заедно со Тачи, пресудата ја чекаат и Башким Смакај, Исни Килај, Фадил Фазлиу и Хајредин Кучи. Тие се обвинети за обид за влијание врз сведоците на обвинителството во главниот судски процес против Тачи за воени злосторства.
Според обвинителството, доказите се состојат од околу 28 часа снимки од разговорите на Тачи за време на девет посети на притворската единица во Хаг во период од четири месеци, пишува „Приштина Инсајт“.
Тачи на почетокот на судењето рече дека е целосно невин.
Истиот суд го осуди во септември на 25 години затвор за убиство, тортура, суров третман и произволно притворање за време на косовската војна во 1998 и 1999 година. Тој останува во притвор во Хаг додека неговата жалба е во тек.
Тачи поднесе оставка од функцијата претседател на Косово во ноември 2020 година, откако судот го потврди обвинението против него.
