Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје денеска организира превентивна здравствена акција по повод Месецот на машкото здравје, со цел да ја подигне свеста за важноста на редовните прегледи и навременото откривање на заболувањата.
Во рамки на акцијата граѓаните ќе можат да направат превентивни ехо-прегледи на уринарниот тракт и простатата, како и да се консултираат со специјалист уролог.
Активностите ќе се одржуваат од 10 до 11 часот во амбулантата на Специјализираната болница „13 Ноември“ во Скопје.
На настанот ќе се обратат директорката на болницата и потпретседателка на Лекарската комора за секундарно здравство, д-р Ленче Нелоска, и претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Никола Јанкуловски.
Превентивната акција е дел од активностите по повод Месецот на машкото здравје, со кои се истакнува значењето на редовните уролошки прегледи и раното откривање на заболувањата.
