back to top
2.8 C
Skopje
недела, 22 ноември , 2026

Берово најстудено утрово со -3 степени, попладне ветерот ќе засилува

Други наслови

Најниска температура утрово е измерена во Берово, каде се регистрирани минус 3 степени. Во Лазарополе и Битола се измерени минус 1 степен, додека во Попова Шапка, Струмица и Скопје – Петровец температурата изнесувала 0 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Температура од 1 степен е измерена во Демир Капија, Крива Паланка, Тетово и Маврови Анови, а во Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Претор, Скопје – Зајчев Рид и Кавадарци се измерени 2 степени. Во Виница и Гевгелија утрово се измерени 4 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврови Анови, каде се измерени 6 литри на метар квадратен. Во Охрид наврнале 5 литри, а во Попова Шапка и Прилеп по 4 литри на метар квадратен.

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата, се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој попладне на одделни места повремено ќе засилува до силен. Максималната температура ќе се движи од 15 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне 15 степени.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести