back to top
10.8 C
Skopje
недела, 22 ноември , 2026

Мицкоски: Автопатското поврзување од Тетово до Охрид треба да биде завршено до 2029 година

Други наслови

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека изградбата на автопатското поврзување од Тетово до Охрид напредува според предвидената динамика, а целокупната делница очекува да биде завршена до 2029 година.

Мицкоски информираше дека, покрај делниците Тетово–Гостивар и Гостивар–Буковичани, започната е и изградбата на делницата Буковичани–Кичево, која треба да ги поврзе овие автопатски правци со автопатот Кичево–Охрид.

Со реализацијата на проектот, како што посочи премиерот, ќе се заокружи автопатското поврзување од Скопје преку Тетово, Гостивар и Кичево до Охрид.

Мицкоски се осврна и на продолжувањето на трасата кај Требеништа, каде што е предвидена клучка од која автопатот треба да продолжи кон граничниот премин Ќафасан. Сепак, бидејќи овој простор е опфатен со заштитата на УНЕСКО, ќе мора да се разгледа алтернативно техничко решение.

„Кај местото Требениште имаме оставено клучка, каде што треба да продолжи тој автопат до граничниот премин Ќафасан. Тука знаете дека тој периметар во моментот е предмет на УНЕСКО и, согласно последниот извештај на УНЕСКО, треба да бараме друго техничко решение“, изјави Мицкоски.

Премиерот изрази оптимизам дека автопатот Кичево–Охрид ќе биде пуштен во употреба до крајот на вториот квартал од следната година, додека целосното автопатско поврзување од Тетово до Охрид очекува да биде завршено до 2029 година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести