back to top
7.8 C
Skopje
понеделник, 23 ноември , 2026

Битола ќе додели субвенции за најмногу 50 млади што полагале возачки надвор од општината

Други наслови

Општина Битола објавува Јавен повик за доделување финансиска поддршка – субвенција на млади лица со живеалиште на подрачјето на Општина Битола, кои поради привремениот прекин на работата на Испитниот центар за возачки испити во Битола биле принудени да го пријават и реализираат полагањето на возачкиот испит во друг испитен центар надвор од Општина Битола.

Со оваа мерка Општина Битола има за цел да ги ублажи дополнителните финансиски трошоци со кои се соочиле младите жители на општината како последица на неможноста за полагање на возачки испит во Испитниот центар во Битола во наведениот период.

На секој барател кој ги исполнува условите утврдени со овој Јавен повик му се доделува еднократна финансиска поддршка во фиксен износ од 6.000,00 денари бруто износ. Вкупниот износ на финансиски средства за реализација на мерката изнесува 300.000,00 денари.

Финансиската поддршка ќе се доделува до исцрпување на предвидените средства, при што со расположливиот буџет може да бидат опфатени најмногу 50 корисници. Рокот за поднесување на барањата е 15 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести