back to top
5.8 C
Skopje
понеделник, 23 ноември , 2026

Фотографии и видео од лице место: Поранешниот градоначалник Петре Шилегов имал сообраќајна несреќа во Скопје!?

Други наслови

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, според првичните и неофицијални информации со кои располагаме, вечерва имал сообраќајна несреќа во главниот град.

На фотографијата од местото на настанот се гледа оштетено возило, како и присуство на други автомобили.

Засега нема официјални информации за причините за несреќата, ниту дали има повредени лица.

Се очекуваат повеќе информации за околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

Ние го побаравме г. Шилегов на бројот на неговиот мобилен телефон но тој не одговори на нашиот повик. Во текот на вечерта контактиравме и лица од македонската полиција но и тие немаа информации за настанот. Но очевидци на таа сообраќајна незгода ни испратија фотографии и видео од настанот кој наводно се случил денес во една скопска населба. Од видеото може јасно да се види г. Шилегов кој се наоѓа на совозачкото место во џип од марката БМВ. Како што може да се примети настанот се случил на дел од патот каде што очигледно се одбиваат некои работи на коловозот. Колку што може да се слушне од гласовите Шилегов се убидувал неуспешно да го извлече возилото од длабнатината на патот во која било пропаднато или заглавено. Во продолжение го објавуваме целото видео кое ни беше доставено од лице место:

Шилегов денес се бави со адвокатура и на присутните наводно им кажал дека во текот на денот се вратил од патување во една наша соседна држава. На почетокот на годината тој беше исклучен од членство во СДСМ поради критики израчени на адреса на сегашното раководство на партијата.

Ќе следиме како ќе се разбива целиот настан и дали ќе има траги во билтените на МВР или се ќе биде завршено на мирен начин под радарот и со некое возило на шлеп служба!?

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести