back to top
4.8 C
Skopje
вторник, 24 ноември , 2026

Исплатена финансиската поддршка од 3.000 денари за секое прваче во Општина Ѓорче Петров

Други наслови

Општина Ѓорче Петров известува дека се исплатени средствата за финансиска поддршка на првачињата, во вкупен износ од 1.369.000 денари, односно по 3.000 денари за секое прваче.

„Оваа мерка беше воведена првпат годинава со цел да им се помогне на семејствата и да се олесни почетокот на образованието за најмладите. Финансиската поддршка е дел од посветеноста на Општина Ѓорче Петров кон создавање подобри услови за секое дете и директна помош за семејниот буџет.

Грижата за првачињата продолжува и во текот на следната година, повторно преку финансиска помош, обезбедување бесплатно училишно ранче, прибор и бесплатен оброк за сите најмлади ученици во училиштата.

Продолжуваме да се грижиме за сите генерации, со конкретни мерки, дела и со директна поддршка за семејствата“, велат од Општина Ѓорче Петров.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести