back to top
4.8 C
Skopje
вторник, 24 ноември , 2026

СДСМ ја поднесе интерпелацијата за гувернерот Трајко Славески

Други наслови

Пратениците на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието ја поднесоа интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески за Алта банка.

„Со интерпелацијата бараме да се утврди политичка одговорност за постапувањето на гувернерот Славески во скандалот со Алта банка. Интерпелацијата се однесува на постапката во која Славески и Народната банка дале претходна согласност Алта банка АД Белград да стекне квалификувано учество во тогашната Стопанска банка АД Битола. Бараме одговор кои проверки биле направени за инвеститорот, сопственичката структура и потеклото на капиталот, како биле проценети ризиците за депонентите и врз основа на што била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на банката во Битола“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Славески треба да одговори и што разговарал со премиерот Христијан Мицкоски за влезот на Алта банка со неговите „консултации“.

„СДСМ очекува Собранието да расправа по интерпелацијата и да утврди политичка одговорност, а Јавното обвинителство да постапи по веќе поднесените кривични пријави за скандалот со Алта банка“, велат од партијата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести