Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Партениј Зографски бр. 85, без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Партениј Зографски, Ацо Караманов и Периша Савелиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
