back to top
4.8 C
Skopje
среда, 25 ноември , 2026

ЛДП: Фатени сте во лага, па сега манипулирате – исплатете на студентите што им следи по закон или ќе одговарате пред суд

Други наслови

„Завладеа паника во Владата и Министерството за образование и наука (МОН). Фатени се во лага за висината на студентскиот оброк, па сега се обидуваат да манипулираат со сумата!“, велат од ЛДП.

„Откако Либерално-демократската партија (ЛДП) прва поднесе тужба пред Управниот суд за кршење на Законот за субвенциониран студентски оброк, а по нас истото го направија и студентски организации, се уплашивте од соочувањето со правдата и од извесната судска одговорност за незаконско постапување, па преку ноќ ретерирате и излегувате со некакви нови, произволни бројки од 156 денари? Повторно обидувајќи се да ги изиграте студентите и јавноста? Мислите некој ви заборава дека и минатата година свесно го имате прекршено законот?

Нема тука никаков простор за разговори, преговори и некакви наводни „недоречености“ на законот – има јасен и важечки закон што мора да се спроведе! Од вас бараме веднаш и без никакво одложување да го исплатите точниот износ усогласен со стапката на инфлација, и тоа не само за оваа година, туку ретроактивно за сѐ што им скративте и не им исплативте на студентите откако сте дојдени на власт. Како што без ниту еден збор на двоумење најдовте пари и навреме си ги исплативте зголемените функционерски плати, така сте должни до последен денар да го исплатите и она што по закон им припаѓа на студентите.

Спроведете го законот веднаш или ќе одговарате пред суд! ЛДП ви порачува дека ова важи и за овој закон и за сите други закони во државата што селективно ги применувате или ги држите во фиока.

Во Македонија или ќе владее правната држава во која законите важат подеднакво за сите, или вие директно ќе ја понесете одговорноста за целиот институционален хаос што го создавате!“, се наведува во соопштението на ЛДП.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести