back to top
7.8 C
Skopje
петок, 27 ноември , 2026

Дали постои сезона на развод? Истражувањата покажуваат дека паровите најчесто раскинуваат во овие 2 месеци

Други наслови

Барањата за развод најчесто се поднесуваат во март и август, по празниците и одморите кога паровите повторно се соочуваат со стари несогласувања, покажуваат истражувањата.

Иако одлуките за развод се донесуваат во текот на целата година, податоците укажуваат на нагли скокови во бројот на барања за развод во одредени месеци.

Според резултатите од истражувањето на Универзитетот во Вашингтон , во анализираните американски области, барањата за развод најчесто се поднесуваат во март и август, односно по завршувањето на зимските и летните одмори, објавува YourTango .

Социологот Џули Брајнс и докторантот Брајан Серафини стојат зад оваа анализа. Нивните набљудувања сугерираат дека празничните собири и патувањата можат да влијаат на исходите од врската, бидејќи партнерите честопати поставуваат високи очекувања за нивниот заеднички живот во овие периоди, верувајќи дека поминувањето време заедно ќе им помогне да ги надминат акумулираните триења.

– Ова се моментите од годината кога постои чувство на исчекување или шанса за нов почеток, нешто различно и чекор во нова фаза од животот. На некој начин, тоа е бран на оптимизам – објасни Бринс.

Сепак, штом празничната атмосфера стивне, паровите честопати се соочуваат со нерешени проблеми што се оставени настрана.

 

Скокот на бројот на поднесени барања во август се случува веднаш по летните патувања, додека јазот помеѓу новогодишните прослави и март е малку подолг. Авторите на студијата го објаснуваат ова со фактот дека на сопружниците им е потребно време да ја средат својата финансиска состојба, да ангажираат адвокат и да ги направат потребните подготовки пред да го поднесат барањето.

Покрај сезонските флуктуации, истражувачите забележале дека економските фактори, како што се стапката на невработеност и движењето на цените на недвижностите, влијаат врз вкупниот обем на разводи, но не го бришат основниот календарски ритам. Иако празниците и одморите се важни точки за преиспитување на партнерството, тие сами по себе не претставуваат одлучувачки поттик за раскинување на бракот .

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести