Оваа подморница од класата „Јасен-М“ е опремена со хиперсоничен ракетен систем „Циркон“.
Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на церемонијата на кревање на знамето на нуклеарната подморница Перм во Северодвинск, Архангелска област.
Тој рече дека подморницата претставува оружје од глобално ниво и значење.
„Новата подморница-крстарица „Перм“ ќе ги брани нашите поморски граници и безбедноста на татковината – нашиот Арктик, Далечниот Исток и цела Русија“, рече Путин.
Наскоро ќе стане дел од Тихоокеанската флота на руските вооружени сили, најави рускиот лидер.
Оваа подморница од класата „Јасен-М“ е опремена со хиперсоничен ракетен систем „Циркон“.
„Русија е една од ретките земји во светот способна за изградба на моќни подморници на нуклеарен погон. Русија има намера да ја развива и модернизира својата морнарица“, рече рускиот претседател.
Подморниците од класата „Јасен-М“ се способни да извршуваат задачи во кој било дел од светските океани, а воедно да дејствуваат тајно, рече Путин.
Тој додаде дека хиперсоничните ракети „Циркон“ ја докажале својата ударна моќ и висока точност.
Пет подморници вооружени со ракетите, вклучувајќи ги и оние од класата „Јасен-М“, ќе бидат испорачани на руската морнарица до 2030 година, рече Путин.
Рускиот лидер им посака на екипажот на подморницата „Перм“ многу успех и среќа, со традиционалниот поздрав „седум стапки под килот“.
