back to top
22.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Исланд е најмирната земја во светот 19-та година по ред

Други наслови

19-та година по ред, Исланд е најбезбедната или најмирната земја во светот, според Глобалниот индекс на мир.

Според индексот на Институтот за економија и мир, општото ниво на мир се влошило во 99 земји, што претставува 12-та година по ред на глобален пад.

„Иако имавме овој катастрофален пад, тоа навистина не влијаеше на земјите на врвот“, рече Стив Килелеа, основач и извршен претседател на Институтот за економија и мир, кој го воспостави индексот во 2007 година.

Глобалниот индекс на мир рангира 163 земји врз основа на 23 индикатори, вклучувајќи ги воените трошоци, активните конфликти, стапките на убиства и перцепциите за безбедноста.

Најдобро рангираните земји обично имаат ниско ниво на насилство, функционални институции, високо ниво на социјална доверба, добри односи со соседите и висок квалитет на живот, пишува Би-Би-Си.

Исланд е на врвот на индексот од 2008 година и го задржува својот статус на најмирна земја во светот 19-та година по ред. 

Меѓу десетте најмирни земји во светот, по Исланд, се Нов Зеланд, Швајцарија, Словенија, Ирска, Австрија, Португалија, Сингапур, Финска и Јапонија.

Претставничката на „Визит Исланд“, Одни Арнарсдотир, оцени дека мирот во Исланд е поврзан со природата што ги опкружува жителите, но и со свесниот избор на општеството да гради блиски заедници.

На второ место е Нов Зеланд, кој се подобри во споредба со минатата година и остана најбезбедна земја во Азиско-пацифичкиот регион.

Швајцарија се искачи од петтото на третото место, благодарение на ниската стапка на криминал и долгогодишната политика на воена неутралност.

За прв пат, Словенија беше меѓу петте најмирни земји во светот. Нејзиниот резултат се базира на ниски воени трошоци, високо ниво на безбедност и култура на заедништво.

На петтото место е Ирска, која бележи ниско ниво на насилство и ограничено вклучување во меѓународни конфликти. Ирската традиција на неутралност, искуството од турбулентна историја и културата на гостопримство се издвојуваат како важни елементи на чувството на безбедност и мир.

Глобалниот индекс на мир покажува дека, иако безбедносната состојба во светот продолжува да се влошува, земјите со висока социјална доверба, стабилни институции, ниска милитаризација и силно чувство на заедништво успеваат да одржат високо ниво на мир и стабилност.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести