Прославата им го прекинал монструмот со рафали: Шокантни детали од масакрот кај Младеновац – еве зошто младите се собраа кај споменикот во Мали Орашје

Во крвавиот поход што го направи Урош Блажиќ (21) бил ранет Н.И.(23) од Мали Орашје и бил префрлен во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, од каде за среќа пред некој ден беше пуштен.

Како што изјави дедото на младиот човек, Н.И се здобил со повеќе повреди, но неговата здравствена состојба е стабилна.

-Внукот му се јави на татко му. Му рекол: „Тато, дојди, умирам, пукаа во нас, има масакр“ – изјави дедото на младиот Н.И.(23), кој се здобил со повеќе повреди во престрелката во Орашје.

-Кога пошол син ми, ниту еден не стоел на земја, сите лежеле – додаде дедото.

Тој рече дека неговиот татко го однел внукот во болница, по што момчето било пренесено во Белград.

Како што пренесуваат медиумите, младите секоја вечер се собираат кај споменикот во Мали Орашје, на излезот од селото, веднаш до фудбалското игралиште.

Тие имале посебна причина за собирање – отишле да го прослават раѓањето на детето на еден од нивните пријатели.

Масовниот убиец е уапсен по осумчасовна потрага во Крагуевац.