„Алта банка“ преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво „ЗОИЛ Македонија“ за околу 1,7 милиони евра. По купувањето го смени името во „Алта Осигурување“ АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас, соопштија од СДСМ.
Се отвора прашањето, додаваат од таму, дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните.
„Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови?
Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа?
Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи?
Зошто се молчи за овие прашања?
Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто“.
Од опозициската партија дополнително прашуваат, дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор.
„Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност“.
