ОВАА СЕЗОНА ЗА НЕГО Е ЗАВРШЕНА – Најскапиот фудбалер во светот пристигна во Доха на операција

Напаѓачот на францускиот ПСЖ и ѕвездата на бразилскиот фудбалски тим, Нејмар, во петокот пристигна во Доха на операција на десниот скочен зглоб, поради што предвреме ја заврши сезоната.

Нејмар (31 г.) беше изнесен од теренот на носилки за време на второто полувреме од натпреварот од француското првенство против Лил на 19. февруари поради повреда на зглобот.

ПСЖ објави дека Нејмар, кој стана најскапиот играч на светот во 2017 година, ќе оди на операција на лигаментите на скочниот зглоб во Доха во болницата Aspetar.

Нејмар ги увери своите обожаватели дека ќе се „врати посилен“ по операцијата.

Неговото здравје е редовна грижа за ПСЖ откако потпиша рекорден договор од 222 милиони евра а пропушти повеќе од 100 натпревари поради повреда или суспензија.

Од пристигнувањето во Париз, тој одигра само 49 отсто од натпреварите на ПСЖ во францускиот шампионат.

НејмарповредаПСЖфудбал