back to top
23.8 C
Skopje
четврток, 1 октомври , 2026

Apple и Amazon под истрага: Клиентите тврдат дека поради нивниот договор, платиле поскапо за производите

Други наслови

Британскиот пазарен регулатор денес дозволи продолжување на дел од тужбата против „Епл“ и „Амазон“ за наводно ограничување на конкуренцијата во продажбата на производи на „Епл“ на „Амазон“ во Велика Британија.

Тужбата се однесува на договор што Apple и Amazon, според тужителот, го склучиле во 2018 година, објави Ројтерс. 

Се тврди дека тоа го ограничило бројот на продавачи кои можат да нудат производи на Apple на британската страница на Amazon, што ја намалило конкуренцијата и може да доведе до повисоки цени.

Регулаторот дозволи постапката да продолжи за производи купени од потрошувачите преку онлајн пазарот на Амазон (Marketplace) или од други продавачи кои ја користат платформата на Амазон . 

Сепак, тој го отфрли делот од тужбата што се однесува на производи купени директно од Apple и од други трговци на мало.

„Епл“ ги отфрли обвинувањата во тужбата и рече дека целта на договорот со „Амазон“ е борба против фалсификувани производи што се продаваат преку платформата.

Амазон, исто така, ги отфрли преостанатите тврдења како неосновани и рече дека очекува ова да биде докажано за време на постапката.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести