Владата ги продолжи мерките за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот, како и за намалување на акцизата со рок на важење до 2 ноември 2026 година, објави преку социјалните мрежи министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.
Според неа, целта на ваквата одлука е ублажување на ценовните притисоци врз малопродажните цени на нафтените деривати и намалување на финансискиот товар врз граѓаните и стопанството.
„Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
Владата ја продолжи мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18% на 10%, како и за намалување на акцизата за горивата до 2 ноември 2026 година.
Со оваа мерка придонесуваме за ублажување на ценовните притисоци врз малопродажните цени на горивата и намалување на финансискиот товар врз граѓаните и стопанството“.
Најави дека Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на меѓународните пазари и да преземе навремени мерки за заштита на животниот стандард и зачувување на економската стабилност.
