Скопје во есенско руво, со пејзажи обоени во жолти, портокалови и црвени нијанси, е во фокусот на објавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Преку фотографии од централното градско подрачје, плоштадот и Градскиот парк, Ѓорѓиевски ја долови есенската атмосфера во главниот град.
„Во боите на есента, Скопје блеска со сета своја убавина!“, напиша Ѓорѓиевски.
Есенските пејзажи му даваат поинаков изглед на градот, а парковите и отворените јавни простори се претвораат во сцени исполнети со топли бои и сезонски шарм.
