back to top
11.8 C
Skopje
четврток, 29 октомври , 2026

(Фото) Левица на BRICS форум во Москва: Македонија има можност да се отвори кон нови големи пазари

Други наслови

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, потпретседателот м-р Реџеп Исмаил-Хактан и членот на Президиумот м-р Александар Симонов, во рамки на низата посети и средби во Москва, учествуваа и на форумот на BRICS, каде остварија средби и разговори со меѓународни претставници, посветени на перспективите за продлабочување на политичката и економската соработка.

На форумот, делегацијата од Левица оствари средби и со Сергеј Красилников, член на Президиумот на Бизнис-советот на Евроазиската економска унија, и Ана Соловиева, менаџер за билатерална соработка во Руската унија на производители и потрошувачи.

„BRICS претставува еден од најзначајните центри на економско и геополитичко поврзување во современиот свет, обединувајќи држави со огромен производствен, технолошки, енергетски и трговски потенцијал. Во услови на забрзана трансформација на глобалната економија, оваа платформа отвора простор за нови меѓународни партнерства, инвестициски текови и пристап до големи пазари.

Во рамки на остварените средби, претставниците од Левица ја истакнаа можноста од отворање на Македонија кон новите глобални економски центри, диверзификација на надворешно-трговските односи и искористување на потенцијалот за соработка во индустријата, енергетиката, инфраструктурата, земјоделството и современите технологии“, извести партијата Левица.

„Македонија мора да ги препознае можностите што ги носи новата меѓународна економска архитектура и да развива надворешна политика водена од сопствените национални и економски интереси.

За македонската економија проширувањето на меѓународните партнерства претставува можност за зголемување на извозот, зајакнување на домашното производство и отворање нови развојни перспективи.

Учеството на делегацијата од Левица на форумот е дел од заложбите за развивање меѓународни контакти и отворање простор за политички дијалог во услови на сè поизразен мултиполарен свет. Во време кога економската моќ и глобалното влијание се распределуваат меѓу повеќе центри, Македонија има интерес да ги проширува своите дипломатски и економски хоризонти, наместо да ги ограничува можностите за меѓународна соработка“, се додава во соопштението на партијата Левица.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести