back to top
11.8 C
Skopje
среда, 21 октомври , 2026

(Фото) Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Мапирани проблеми, следуваат конкретни мерки

Други наслови

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со претставници на општинската инспекциска служба, Полициската станица Карпош и советници од Советот на Општина Карпош, вчера попладне одржа средба со жителите на Злокуќани, извести Општината.

„Средбата предизвика голем интерес кај локалното население, кое отворено ги посочи проблемите со кои секојдневно се соочува. Меѓу главните предизвици беа истакнати загадувањето, дивите депонии, како и недоличното и неприфатливо однесување на одредена група жители, што го отежнува секојдневното функционирање во населбата.

Претставниците на инспекциските служби ги мапираа клучните проблеми, со цел да се утврдат можните начини за нивно решавање.
Градоначалникот Лукровски најави дека во најскоро време ќе биде организирана нова средба со жителите, на која ќе се разговара за конкретни мерки и можни решенија.

Во директна комуникација со граѓаните до конкретни решенија за подобар живот во Злокуќани!“, велат од Општина Карпош.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести