back to top
8.8 C
Skopje
сабота, 14 ноември , 2026

(Фото) Мен Енд Маунтен се годинешните добитници на наградата „13 Ноември“ за нивната голема еколошка мисија и придонес во заштитата на животната средина.

Други наслови

Компанијата Мен енд Маунтен, која е идеен творец на еко акциите „Генералка викенд“ и „Сончева Гора“ ја доби годишната лауреатска титула на престижната награда „13 Ноември“ на Град Скопје, во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата.

Ова високо општествено признание им се доделува на Мен енд Маунтен за нивниот континуиран придонес кон подобрувањето на животната средина и подигнувањето на еколошката свест во Р.С. Македонија.

Како основачи и движечка сила зад националната еколошка иницијатива „Генералка викенд“ и кампањата за пошумување „Сончева Гора“, тимот на Мен енд Маунтен во изминатите 6 години успеа да обедини повеќе од 170.000 граѓани во сите 81 општина, над 600 институции и општествено одговорни компании во заедничка мисија за чиста и зелена иднина. Резултатот од оваа посветеност вклучува 2,2 милиони килограми собран отпад и над 150.000 новозасадени растенија ширум целата земја во 350.000 часа волонтерска работа.

„Оваа награда е огромна чест за сите кои се вклучени во реализацијата на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД и СОНЧЕВА ГОРА. Признанието „13 Ноември“ им припаѓа на нашите партнери, кои со искрена посветеност и моќна поддршка го овозможија сето ова, на нашите општини, кои напорно работеа за да ги мотивираат и ангажираат своите сограѓани и секако, на сите граѓани низ земјава, кои секој ден покажуваат дека промената е моќна кога дејствуваме заедно со љубов и почит еден кон друг и кон нашата природа. Нашата генерација е одговорна СЕГА да имплементира селекција на отпад, функционални регионални депонии, постројки за претворање на отпад во енергија за чисто греење и енергија во текот на зимскиот период и да не врати дома, во Европа. До 40-тиот роденден на нашата земја во 2031 година, можеме да го сториме тоа – но само кога ќе се држиме заедно како едно општество, кое ја дефинира културата, убавината и магијата на нашата прекрасна татковина.“, велат Гордана Софија и Ханес Јекл, основачите на Мен енд Маунтен.

Мен енд Маунтен е компанија специјализирана за стратегиски комуникации и консултации во зелената транзиција, одржливиот развој на зелената енергија и управувањето со отпадот за јавниот и приватниот сектор, позната како креатор и организатор на најголемото еколошко движење во Македонија – „Генералка викенд“ – и најголемата национална програма за пошумување „Сончева Гора“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести