back to top
8.8 C
Skopje
вторник, 3 ноември , 2026

Гаши на проштална средба со Вал: ОБСЕ е важен партнер во процесот на јакнење на демократијата, владеењето на правото и инклузивното општество

Други наслови

Денес, Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Гаши се заблагодари за досегашната соработка и личниот придонес на амбасадорот во унапредувањето на односите меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Тој истакна дека ОБСЕ, преку своето долгогодишно присутност во Северна Македонија, е важен и конструктивен партнер на институциите во процесот на јакнење на демократијата, владеењето на правото и инклузивното општество.

Претседателот укажа дека со поддршка и помош на ОБСЕ се зајакнала парламентарната независност, надзорната функција, како и демократската улога на Собранието.

Амбасадорот Килијан Вал потенцираше дека е важно да се продолжи со понатамошно јакнење на улогата на Собранието како централна демократска институција, особено во однос на контролата и надзорот над извршната власт, транспарентноста на институциите, отчетноста и зголемувањето на довербата на граѓаните во демократските процеси.

Двајцата соговорници се согласија дека инклузивноста, еднаквоста и почитувањето на правата на сите заедници остануваат од особено значење за политички дијалог и за градење доверба меѓу различните заедници, а искуството и поддршката на ОБСЕ во оваа област се особено вредни.

На крајот претседателот истакна дека амбасадорот Вал е одличен познавач на приликите во Република Северна Македонија како и во регионот, дека е докажан пријател на нашата земја и во иднина може да се смета на негова поддршка и соработка во зависност од неговите нови должности.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести