back to top
20.8 C
Skopje
среда, 21 октомври , 2026

Ѓорѓиевски: Потребите и предизвиците на младите мора да бидат дел од политиките што ги создаваме, тие најдобро знаат со какви пречки се соочуваат

Други наслови

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбија, директорот на НАЛАС, Келменд Заза, како и градоначалници и претставници на локалните власти од земјата и регионот, учествуваа на регионалниот форум во Скопје посветен на локалното лидерство за млади, мир и безбедност.

– Како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, верувам дека нашата одговорност започнува со подготвеноста да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките. Нивните идеи, потреби и предизвици мора да бидат дел од политиките што ги создаваме, затоа што тие најдобро знаат со какви пречки се соочуваат и какви промени очекуваат во своите средини. Токму во нашите општини се гради довербата во институциите, чувството на припадност и сигурноста дека секој има еднаква шанса. Затоа ни се потребни активни младински совети, достапни младински центри и службеници за млади кои ќе бидат вистинска врска меѓу младите и локалната власт. Особено внимание мора да им посветиме на младите кои се соочуваат со сиромаштија, исклученост или нееднакви можности. Секој заслужува поддршка, почит и можност да го оствари својот потенцијал – изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски на форумот ја истакна и важноста на соработката меѓу ЗЕЛС, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија

– Преку Мрежата на службеници за млади, размената на искуства и јакнењето на нивните капацитети, создаваме услови младинските иницијативи полесно да стигнат до институциите и да се претворат во конкретни дела. Остануваме посветени на посилна поддршка за младите и на создавање безбедни и отворени заедници, во кои секој млад човек ќе има можност да напредува. Младите заслужуваат да знаат дека тука има место за нивните идеи, труд и амбиции – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски упати честитки до петте наградени општини од регионот, чии практики покажуваат како младинското учество придонесува за помирни, побезбедни и посолидарни заедници, а изрази и благодарност до УНДП, НАЛАС и сите партнери за поддршката и заедничката работа.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести