back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Ѓорѓиевски: Скопје има што да ѝ покаже на Европа, со силни партнерства го отвораме патот кон европската културна сцена

Други наслови

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар Жислер, и директорот на Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“ Марјан Цветковски, го означија почетокот на стратешкото партнерство со потпишување на Меморандум за соработка меѓу Фондацијата и Францускиот институт, под високото покровителство на Град Скопје.

– Со ова партнерство отвораме врати за заеднички уметнички продукции, размена на уметници и експерти и развој на културните и креативните индустрии. Создаваме простор нашите творци да се поврзат со европската културна сцена, а скопјани да добијат нови, квалитетни и достапни културни содржини. Скопје има дух, има талент и има приказна што заслужува да ја види и слушне цела Европа. Наша обврска е да создадеме можности таа приказна да го добие своето вистинско место – изјавив Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје посебно ќе се посвети на соработката со Бурж, со кој во 2028 година ја споделуваме титулата европска престолнина на културата, како и на можноста за реализација на „Француска сезона во Скопје 2028“.

– Градиме мостови меѓу нашите градови, нашите уметници и нашите култури, со амбиција тие врски да траат и долго по 2028 година. За мене, успехот на Скопје 2028 ќе се мери и со можностите што ќе ги создадеме за младите, со поддршката за нашите уметници и со културата што ќе стигне до секој граѓанин. Сакам оваа титула да остави трајна вредност во животот на нашиот град. Заедно ја претвораме визијата во конкретна соработка. Скопје има што да ѝ покаже на Европа. Со својот културен идентитет, со својата креативност и со своите луѓе е подготвено да остави силен белег – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски упати благодарност до амбасадорот Ле Риголер, Францускиот институт и сите партнери за довербата и поддршката.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести