back to top
16.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Град Скопје ги носи граѓаните на патување низ минатото со бесплатен панорамски автобус

Други наслови

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година,
Град Скопје денеска организира бесплатен панорамски разглед на градот.

Како што информираат од Град Скопје, со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале некогашниот изглед и дух на градот.

– Поаѓањето е од Порта „Македонија“, во 10:00 часот. Заинтересираните граѓани за бесплатниот панорамски разглед ќе можат да се пријавуваат на телефонскиот број: +389 71 250 419. Да се потсетиме на минатото, да ја чуваме меморијата на Скопје и да ја пренесуваме неговата приказна на идните генерации – посочуваат од Град Скопје.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести