back to top
20.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Град Скопје објави повик за субвенции за дефицитарните занаетчии

Други наслови

Град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на дефицитарните занаетчии, со цел да се поддржат занаетчиските дејности кои бележат континуирано намалување и да се придонесе за зачувување на традиционалните занаети.

За мерката информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека занаетите се важен дел од традицијата, културата и идентитетот на градот.

„Тие се чувари на едно богато минато, но и значаен дел од нашата економска иднина. Затоа, наша заедничка обврска е да ги поддржиме, да им помогнеме да опстојат и да создадеме услови нивните вештини да продолжат да живеат и кај идните генерации“, порача Ѓорѓиевски.

Право на учество на јавниот повик имаат занаетчии со живеалиште на подрачјето на Град Скопје, односно во општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во повикот и ќе ја достават потребната документација.

Може да аплицираат и занаетчии кои во тековната година не користеле финансиска поддршка од Град Скопје, како и лица регистрирани согласно Законот за занаетчиство и носители на занаетчиска дозвола, кои вршат дејности што, според обработените податоци, бележат континуирано намалување на активноста.

„Со оваа мерка даваме конкретна поддршка на луѓето кои со својот труд, знаење и посветеност ја чуваат автентичноста на Скопје. Да не дозволиме старите занаети да останат само спомен од минатото“, истакна градоначалникот.

Деталите за условите и начинот на аплицирање се објавени во јавниот повик на Град Скопје.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести