back to top
14.8 C
Skopje
вторник, 13 октомври , 2026

Градинката во Инџиково ќе биде отворена на крајот на септември, објави Стефковски

Други наслови

Наскоро градинката во Инџоково ќе ги отвори вратите за децата, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Денес направив увид на градежните работи за изградба на новата детска градинка која се гради во Инџиково. Во мометов на терен се реализираат активности за партерно уредување на дворот по што ќе следува и поставување на опремата и согласно динамиката очекувам кон крајот на септември да ја пуштиме во употреба и оваа нова детска градинка“, објави Стефковски.

Вредноста на договорот за изградба на оваа градинка изнесува 47.500.000 денари – средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Капацитетот е за 48 деца од кои 36 деца на возраст од 2–6 години и 12 деца во јасли.

Греењето е решено со топлотни пумпи, а површина на објектот е 490 метри квадратни.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести