back to top
15 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk 

Други наслови

Министерството за здравство соопшти дека заинтересираните граѓани од ризични групи може да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип, на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu.

Со пополнување на формата на сајтот, граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот „Мој Термин“, по што согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, ќе добијат СМС порака со информација за точен датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрација.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести