back to top
9.8 C
Skopje
вторник, 29 септември , 2026

Хоџа на министерска средба во Рим: За водите ни требаат заеднички решенија, инвестиции и цврста регионална соработка

Други наслови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на Втората министерска средба за вода на Унијата за Медитеранот (UfM) во Рим, каде ја истакна потребата од силна регионална соработка во услови на сериозни климатски предизвици.

На собирот, кој ги обединува земјите од евро-медитеранскиот регион, тој нагласи дека сушите, поплавите и загадувањето бараат заедничка акција и координиран пристап во прекуграничните речни басени,бидејќи заедничката вода подразбира и заедничка одговорност.

Во своето обраќање, министерот Хоџа се осврна на значењето на интегрираниот пристап кој го поврзува секторот за води со енергетиката, земјоделството и заштитата на животната средина.

Притоа, тој посочи дека водните ресурси не можат да се третираат изолирано и дека современиот развој се потпира на дигитализација.
Преку процесот на евроинтеграции, националните политики посветено се усогласуваат со европските стандарди, со посебен акцент на подобрување на третманот на отпадните води и градење климатска отпорност.

Во тие рамки, министерот Хоџа нагласи дека остварувањето на овие цели бара значајни инвестиции, одржливо финансирање и силна мобилизација на домашните и меѓународните ресурси.

На крајот, Хоџа изрази целосна поддршка за министерската Декларација за вода и Римската иницијатива, порачувајќи дека постои целосна подготвеност за активно партнерство со сите земји од регионот, со цел стратешките обврски да се претворат во конкретни проекти за одржлива иднина.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести