back to top
26.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

И овој викенд „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“ во Кисела Вода

Други наслови

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Република Македонија и со „Киноверзум“, и овој викенд ја организира манифестацијата „Кино на отворено“. Настанот ќе се одржи на 19 и 20 септември, сабота и недела, во паркот „Македонија“ во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“.

Програмата носи внимателно селектирана филмска содржина за сите генерации. Вечерите почнуваат со детски филмови, по што следуваат култни македонски филмови.

Во сабота, на 19 септември, со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, синхронизиран на македонски јазик.

Во 20:35 часот следува македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, која има две номинации за наградата Оскар, а во продукција на Јорданчо Петковски и Ана Хамши. Овој филм е откупен од National Geographic Documentary Films и ја доби Наградата на Музата за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција.

Во недела, на 20 септември, од 19:00 часот на програмата е детскиот анимиран филм „Таинствената шума“, исто така синхронизиран на македонски јазик.

Веднаш потоа, во 20:25 часот ќе следи проекција на култниот македонски филм „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, еден од најуспешните македонски филмови, кој е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција и уште четири номинации од кои најзначајната е секако номинацијата за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1995 година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести