back to top
7.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

iPhone 4 ги излуди младите луѓе: Еве зошто купуваат телефон од 2010 година

Други наслови

Сè поголем број млади луѓе го купуваат iPhone 4, кој беше издаден во 2010 година. Тие се одлучуваат на овој чекор поради камерата. Имено, во моментов е популарно да се објавуваат фотографии со лош квалитет на социјалните мрежи.

„iPhone 4 е новиот дигитален фотоапарат“, „Фотографиите како оваа се најдобри“, „Мојот Инстаграм профил сега изгледа совршено“, се некои од коментарите.

Овој мобилен телефон се продава за илјадници долари во половна или нова состојба на страници за препродажба како eBay, бидејќи бројот на носталгични купувачи се зголемува.

Сепак, експертите предупредуваат дека користењето постари мобилни телефони може да претставува безбедносен ризик. Ли Елиот од компанијата „Compare and Recycle“ ги предупреди корисниците да не внесуваат никакви лични информации на уредот, што вклучува и најавување во апликација.

Постарите модели не се дизајнирани да ги заштитат корисниците од собирање податоци и немаат софтвер за користење на многу ажурирани апликации.

„Последната верзија на iOS што ја поддржува iPhone 4 е iOS 7.1.2 – верзија објавена во 2014 година. Тоа е повеќе од една деценија без ажурирања или безбедносни поправки. Поради ова, iPhone 4 нема да може да заштити никакви лични информации на начин на кој тоа го прават посовремените iPhone-и, оставајќи ги корисниците изложени на проблеми како што се протекување на податоци, хакирање и други безбедносни пропусти“, изјави тој за New York Post.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести