back to top
17.8 C
Skopje
петок, 2 октомври , 2026

Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма: утре „Бела ноќ“ во Скопје

Други наслови

Во Скопје утре (3 октомври), ќе се оддржи 22 издание на „Бела ноќ“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје.

Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата.

Еден од главните музички настани, најавува организаторот е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот.

На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов, додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ.

Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија, Археолошкиот музеј, Музејот на град Скопје, „Аудио култура“, Домот на градежниците, Чифте амам, „Мала станица“, Детскиот културен центар „Карпош“ и Паркот на поезијата при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Во сабота од 18:00 часот превозот со ЈСП ќе биде бесплатен, а по повод манифестацијата, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести