back to top
19.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Кривична против Мерко: противправно потпишал одобрение за градење

Други наслови

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Рамиз Мерко (69), А.Б.(40), двајцата од Струга како и против Н.Р.(57) од струшкото село Поум поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот Р.М., поранешен градоначалник на општина Струга, за време на мандатот ја искористил својата службена положба и овластување на тој начин што со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево.

Второ и третопријавениот, од позиција на советник во Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина и помошник раководител на истиот сектор, претходно незаконски го изготвиле одобрението и врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект, одобрението било издадено спротивно на Законот за градење.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести