Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Карпош, во соработка со Зоолошка градина Скопје, организира крводарителска акција која ќе се одржи во сабота, 19 септември 2026 година, во Едукативниот центар на ЗОО Скопје.
Акцијата ќе се одвива во периодот од 11:00 до 18:00 часот, а целта е да се поттикне хуманоста и солидарноста меѓу граѓаните и да се даде придонес во обезбедувањето на потребните резерви на крв.
Сите полнолетни граѓани на возраст од 18 до 65 години, кои се во добра општа здравствена состојба, се поканети да се приклучат на акцијата и со својата хуманост да помогнат во спасување човечки животи.
Дарителите потребно е со себе да понесат документ за лична идентификација, а пред дарувањето се препорачува да имаат лесен оброк и да внесат доволно течности.
Крводарувањето е безбедна, кратка и едноставна постапка, но нејзиното значење за пациентите на кои им е потребна крв е непроценливо.
„Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во ЗОО Скопје и заедно да испратиме силна порака на хуманост, солидарност и грижа за другите.
За тебе е малку време, за некого е цел еден живот. Дарувај крв – спаси живот!“, велат од ЗОО Скопје.
