back to top
7.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Други наслови

Сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност се очекува денеска, а температурите ќе достигнат најмногу до 30 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а дневната ќе достигне 28 степени.

Слично време ќе продолжи и во текот на новата седмица. Според прогнозата на УХМР, ќе преовладува сончево и посвежо време, со мала до умерена локална облачност во текот на денот.

Температурите во следните денови ќе се движат во границите на просекот за овој период од годината.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести