По повод 11 Октомври – Денот на народното востание и 85-годишнината од почетокот на Народноослободителната и антифашистичката борба на македонскиот народ и другите националности, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре, сабота, 10 октомври 2026 година, во Прилеп ќе одржи марш под слоганот „Непокор.Борба.Иднина“.
Маршот ќе започне во 11:30 часот од Паркот на револуцијата. Могилата на непобедените, а ќе заврши пред Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ – Участакот во Прилеп, каде што ќе се обрати претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
