back to top
27.8 C
Skopje
сабота, 19 септември , 2026

Меџити ќе ја донесе во Чаир албанската пејачка Рона Нишлиу за славење на ноемвриските празници

Други наслови

Меџити: Рона Нишлиу во Чаир за посебен концерт посветен на ноемвриските празници

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити се сретна со познатата албанска пејачка Рона Нишлиу, која престојуваше во Скопје во рамки на подготовките за концертот што ќе се одржи по повод ноемвриските празници.

Концертот ќе биде организиран во рамки на културните активности на Општина Чаир и ќе биде дел од програмата посветена на ноемвриските празници, албанската историја и култура.

„Средбите со уметници секогаш се инспиративни, но кога се дел од подготовките за настан посветен на ноемвриските празници, нашата историја и култура, тие добиваат уште поголемо значење. Со Рона Нишлиу се подготвуваме за една посебна вечер, исполнета со музика, култура и атмосферата што ноемвриските празници ја носат во Чаир“, изјави Меџити.

Деталите за датумот, локацијата и програмата на концертот ќе бидат дополнително објавени.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести