back to top
16.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Мери Дика Георгиевска ги започна обврските во Уставниот суд

Други наслови

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд.

Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба.

На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот.

Во наредниот период ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител, соопштија од таму.

Мандатот на судијата Мери Дика Георгиевска во Уставниот суд трае девет години.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести